Првите почетоци на блескавата кариера на Тоше започнаа да децкиот фестивал „Златно Славејче“, каде ја испеа песната „Јас и мојот дедо“ на влашки јазик. Тој понатаму продолжува на Прилепскиот фестивал каде ја испеа песната Yesterday од Битлси, истата година тој настапува и на „Макфест“ со композицијата „Пуштиме“. Потоа Тоше ја започнува соработката со Григор Копров,оваа соработка му ги донесува и двата најголеми хитови „Усни на усни“ и „Сонце во твојте руси коси“. Во 1999 година Тоше го издава својот прв деби-албум „Некаде во ноќта“. Во 2000 година Тоше учествува на скопскиот фестивал со песната „Солзи правам златен прстен“, со таа песна беше трето место на Македонскиот избор за на Евровизија. Во овај период Тоше започнува да ги снима и песните за албумот „Синот божји“. Во овај албум ќе има голем број на хитови.
Нема коментара:
Постави коментар