среда, 11. мај 2011.

Ѕвездена салва

Ѕвездената кариера Тоше ја започнува со својата нова менаџерка Лилјана Петровиќ со која снимаат песни во студиото во Грција, Атина. Потоа Тоше го издава и својот трет албум „Ако ме погледнеш во очи“ на Српски и Македонски јазик. Следува периодот кога Тоше има промоција во соседните земји. Со цел да го подобри своето пеење Тоше оди во Њујорд кај Вилијам Рајли. По враќањето Тоше одржува низа хуманитарни цели низ Македонија. Ја добива хуманитарната наградата „Мајка Тереза“.Следната година МРТВ го избира Тоше за Македонски Евровизиски претставник во Истанбул, Турција со песната „Ангел си ти“. Во 2004 година тој е прогласен за Амбасадор на Добра Воља УНИЦЕФ со што ја снима и песната „За овој свет“.Тоше соработува и со Словенската пеачка Ања Рупел со која ја снима песната „Крање времена“. Во 2005 година Тоше го издава албунот „По тебе“ кој е издаден на целата територија на поранешна Југославија. Неговиот следен албум е „Божилак„ кој содржи 14 песни. И во 2007 година го издава неговиот последен албум „Игри без граници“.















Нема коментара:

Постави коментар