среда, 11. мај 2011.

Композитор и текстописец

Тоше Проески исто така се потврдува и на полињата на компонирањето музика. Има напишано и неколку песни и за себе „Има ли ден за нас“, „Слушаш ли“, „Малечка“ и „Полско цвеќе“.„Муза“ Во2004 Проески ја компонира и голем хит за Мартин Вучиќ и наслово на неговиот следен албум. Во едно интервју Тоше имаше речено дека има повеќе од 100 искомпонирани песни за кои чека прав момент за да ги издаде.





Најголеми хитови

Чија си.
Немаш ни благодарам.
Тајно моја.
Ако ме погледнеш во очи.
Соба за тага.
Life.
Жао ми је.
Кој ли ти гризе образи.
Лагала нас мала.
По тебе.
Срце није камен.
Вежиме за себе.
Никој како тебе не бакнува.
Месечина.
Волим осмијех твој.
Боже чуваја од зло.
Игри без граници.
The Hardest thing.
Сеуште сонувам дека сне заедно.

Албуми

1999- Некаде во ноќта.
 2000- Синот божји.
 2002- Ако ме погледнеш во очи.
2004- Ден за нас.
 2005- По тебе.
 2006- Божилак
2007- Игри без граници.
2009- The hardest Thing.
 

Сообраќања несреќа

 










Тоа кобно есенско утро на 16 октомври 2007 Тоше Проески загина во сообрајќањата несреќа која се случи на автопатот Загреб-Липовац кај областа Нова Градишка во Република Хрватцка. На возраст од 26 години. Во могот на несреќата Тоше се наоѓал на совозачкото седиште во возилото Volkswagen Touareg  кој со голема брзина удира во  приколката на камионот пред него а потоа и во крајпатната заштитна ограда. Останатите двајца патници возачот и менаџерката Лилјана останаа живи.


 






Ѕвездена салва

Ѕвездената кариера Тоше ја започнува со својата нова менаџерка Лилјана Петровиќ со која снимаат песни во студиото во Грција, Атина. Потоа Тоше го издава и својот трет албум „Ако ме погледнеш во очи“ на Српски и Македонски јазик. Следува периодот кога Тоше има промоција во соседните земји. Со цел да го подобри своето пеење Тоше оди во Њујорд кај Вилијам Рајли. По враќањето Тоше одржува низа хуманитарни цели низ Македонија. Ја добива хуманитарната наградата „Мајка Тереза“.Следната година МРТВ го избира Тоше за Македонски Евровизиски претставник во Истанбул, Турција со песната „Ангел си ти“. Во 2004 година тој е прогласен за Амбасадор на Добра Воља УНИЦЕФ со што ја снима и песната „За овој свет“.Тоше соработува и со Словенската пеачка Ања Рупел со која ја снима песната „Крање времена“. Во 2005 година Тоше го издава албунот „По тебе“ кој е издаден на целата територија на поранешна Југославија. Неговиот следен албум е „Божилак„ кој содржи 14 песни. И во 2007 година го издава неговиот последен албум „Игри без граници“.















Биографија-рани години

Првите почетоци на блескавата кариера на Тоше започнаа да децкиот фестивал „Златно Славејче“, каде ја испеа песната „Јас и мојот дедо“ на влашки јазик. Тој понатаму продолжува на Прилепскиот фестивал каде ја испеа песната Yesterday од Битлси, истата година тој настапува и на „Макфест“ со композицијата „Пуштиме“. Потоа Тоше ја започнува соработката со Григор Копров,оваа соработка му ги донесува и двата најголеми хитови „Усни на усни“ и „Сонце во твојте руси коси“. Во 1999 година Тоше го издава својот прв деби-албум „Некаде во ноќта“.  Во 2000 година Тоше учествува на скопскиот фестивал со песната Солзи правам златен прстен“, со таа песна беше трето место на Македонскиот избор за на Евровизија. Во овај период Тоше започнува да ги снима и песните за албумот „Синот божји“. Во овај албум ќе има голем број на хитови.

Тоше Проески

Тодор Проески ( 25 јануари 1981-16 октомври 2007 ) беше познат македонски  пеач и една од најголемите балкански ѕвезди на музичката сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Својата блескава кариера за започнува со Прилепскиот фестивал „Мелфест“ каде што и победува изведувајќија песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвараат песнитe: ( „Пуштиме“ и „Остани до крај“ ). Исто така Тоше имал голема со познат музички ѕвезди: Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимович, Леонтина Викомановиќ, Антониа Шола, Тони Цетински, Ања Рупел и многу други. Се смета дека неговата блескава кариера започнува со песната ( Твојте бакнежи на мојте бели кошули ) и Скопскиот фестивал. Во меѓувремено Тоше станува заштитен знак на продуцентската куќа „Аволон“. Во 2004 година Тоше е прогласен за Амбасадор на Добра Воља наУНИЦЕФ и неговиот заштитен знак е „ВЕ САКАМ СИТЕ“. Неговата блескава кариера завршува на 16 октомври 2007 година кога се случи сообрајќајната несреќа во Хрватска.Денот на неговиот погреб 17 октомври во  Македонија е прогласен како Ден на национална жалост“